НАДЛЕЖНОСТИ

Државните инспектори при Државниот инспекторат за транспорт вршаат надзор во спроведувањето за Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Законот за работното време, задожителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, Законот за јавни патишта и Законот за жичари и ски-лифтови и другите прописи од областата на сообраќајот, патиштата и жичарата и ски-лифтови.
Надлежностите на државните инспектори произлегуваат од горенаведените материјални закони и подзаконските уредби, билатералните и мултилатералните договори потпишани со странски земји и меѓународни организации.