Промена на јазик

MTC

jp drzhavni patishta




ПРИЈАВА


Најчесто поставувани прашања

Зошто висината на надоместокот за станична услуга за користење на услугите на автобуската станица која ја плаќаат патниците (перонска карта) се определува во зависност од должината на линијата во километри

Ово прашање се поставува од секој патник кој ги користи услугите на автобуските станици. Висината на надоместокот  се определува со одлука на Влада на Република Македонија.

Кои начини на продажба на возни билети за превоз на патници постојат

Согласно законот за превоз во патниот сообраќај постојат два начина и тоа:

-исклучиво се продаваат преку унифициран електронски систем со електронско плаќање на билетите и во

-автобусот, таму каде што нема организирани места за продажба при што е дозволен да издаде фискална сметка за продадените билети.

Зошто во автобусите немаа греење и климатизација

Превозниците поседуваат потврда за техничко-експатационите услови предвидени со закон. Државниот инспекторат презема мерки предвидени со закон.

Зошто се издават дозволи за меѓународни и меѓуопштински директни линни од градови и села кои немат жители а не патници за тие дестинации

Ова прашање се поставува од превозниците кои имат линии за тие дестинации и од нас инспекторите! Законот дозволува.

Зошто голем број на физички лица извршуваат такси превоз без соодветна документација

Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај такси превозот е надлежност на овластените општински инспектори. Ако извршуваат нерегистрирана дејнос тогаш надлежност за надзор имаат сите инспекциски служби.

Зошто се зголемува бројот на сообраќајните незгоди во јавните државни патишта

Поради несоодветно тековно одржување на државните јавни патишта. Државниот инспекторат за транспорт превзема соодветни мерки предвидени со закон.

Зошто треба да платиме патрина кога патиштата не се одржуваат како што треба и зошто нема алтернативни патишта

Казната е предвидена со закон.

Колку изнесува дневното време на управување со возило

Дневното време на управување со возило не смее да биде подолго од 9 часа. По иклучок дневното време на управување со возило може да биде продолжено на најмногу 10 часа, но не повеќе од два пати неделно.

Колку изнесува неделното време на управување со возило

Неделното време на управување не смее да биде подолго од 56 часа.

Дали треба да поседувам лиценца и извод од лиценца при вршење на превоз на стока за сопствени потреби со возила со носивост под 3,5 тона

Согласно законот нема обврска да има лиценца и извод од лиценца, него треба да има патен налог и товарен лист

Дали е дозволено при вршење на посебен лински превоз на патници,превозникот да врши превоз и на други патници кои не се внесени во списокот кој е составен дел од договорот

Согласно законот за тој вид на дозвола е дозволено да се превезуваат и други патници кои не се внесени во списокот до 10%

Кој одговара за штетата што ќе им биде причината на корисниците на јавните патишта и улици поради пропуштање на навремено извршување на потребните работи и преземање соодветни мерки за одржување на јавните патишта.

За штетата што ќе им биде причината за користење на јавните патишта и улици поради пропуштање на навремено извршување на потребните работи и преземање соодветни мерки за одржување на јавните патишта и улици одговара Правното лице на кое врз основа на договор му се отсапени работите за одржување на јавните патишта и улици.

Колку е ширината на заштитниот појас на автопат во кој не можат да се градат објекти

Ширината на заштитниот појас во кој не можат да се градат објекти или изведуваат градежни работи кои не се во функција на патот изнесува 40 м

Кога превозникот може да започне да врши превоз на патници и стоки во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Превозникот може да започне да врши превоз на патници и стоки во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај откако ќе добие лиценца и извод од лиценца.

Што е потребно за домашен превозник за да може да врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

За тој вид на превоз на домашен превозник потребно му е соодветна лиценца за вршење превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Каква управна мерка се превзема доколку при инспекциски надзор се утврдува дека правното или физичкото лице врши нерегистрирана дејност.

Доколку при инспекциски надзор се утврдуваат дека правното или физичкото лице врши нерегистрирана дејност инспекторот донесува решение за забрана на вршење на нерегестрирана дејност. Рок кој не може да биде подолг од 30 дена.

Зашто се поведува постапка при превозот на патници за сопствени потреби за патнички моторни возила со 8+1 седиште кои не поседуваат извод од лиценца.

Затоа што со Законот за превоз во патниот сообраќај предвидено е овие возила да поседуваат извод од лиценца и е предвидена глоба.

Зошто не се санкционира превозот на патници со рентакар возила

Затоа што со Законот за превоз во патниот сообраќај не се обработени услови за рентакар превозот на патници и не е предвидена глоба.

Кој документи при превоз на внатрешен и меѓународен превоз на опасни материи потребно е да ги поседува превозникот.

При извршување на внатрешен и меѓународен превоз на опасни материи превозникот мора во возило да поседува уредно пополнет товарен лист и писмени инструкции за опасната материја која се превезува.

Кој може да врши превоз на опасни материи и што треба да поседуваа

Превоз на опасни материи во патниот сообраќај може да врши домашно правно или физичко лице – (Превозник) кој поседува одобрение за вршење на превоз на опасни материи во патниот сообраќај – Одобрение.